Промедика Медикал Центар

logopromedikamedikal 

  Промедика Медикал  Центар
  Адреса: Св.Кирил и Методиј 50-1/2, 
  1000 Скопје Македонија
  Телефон: +389 2 3248454 / +389 2 3248451
  Е-маил: medikalcentar@promedika.com.mk
  promedika.com.mk/mk-MK/Medical
  https://www.facebook.com/PromedikaMedikalCentar/
  Работно време: Пон - Пет од 07:30 до 20:00
  Саб од 09:00 до 14:00

 

Опис  

Поликлиниката Промедика Медикал Центар е приватен здравствен центар кој Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент. Tимот од стручни лица кои го сочинуваат нашиот центар е подготвен со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижи за Вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО. Нашиот стручен кадар од различни медицински области со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија. Во современо опремениот и топол амбиент секогаш ќе се чувствувате добредојдени.

Услуги:
-Примарна здравствена заштита
-Специјалистички прегледи
-Дoмашната посета
-Медицински транспорт и обезбедување
-Семејни пакети
-Fit пакети
-Индивидуални пакети

Нашата поликлиника има склучено договор со ФЗО за неколку оддели, па дел од услугите се достапни со сини картони и здравствена картичка. Ординации кои имаат склучено договор со ФЗО се:
-Дерматовенерологија
-Физикална медицина и рехабилитација
-Секој пациент кој се грижи за своето здравје, може да одбере во нашата поликлиника:
-Матичен општ лекар
-Матичен педијатар
-Матичен гинеколог

Домашната посета
Домашната посета е облик на грижа и помош на болните. Тимот за домашната посета на Промедика Медикал Центар обезбедува здравствена услуга вон поликлиниката, во домашни услови, на работното место, старечки домови. Го негуваме стариот обичај на посета на доктор во домот на пациентот. Здравствена грижа може да пружиме на постари и неподвижни пациенти. Домашното лекување е поповолно за постари лица затоа што нема драстична промена на средината и со тоа значаен стрес. Важна е и поткрепата на семејството.
Домашната посета обезбедува персонализирани и професионални услуги за да овозможи брзо и удобно закрепнување во удобноста на вашиот дом. Домашната здравствена заштита вклучува:

Дијагностичко-консултативен преглед од доктор
Апликација на инфузија
Администрација на терапија, Интравенска, Интрамускулна и Субкутана
поставување, Промена, Промивка и одржување на урокатетер.
Со цел да се подобри брзината и удобноста нудиме и мобилни дијагностички испитувања:
Ултразвучен преглед на абдоминални органи, уринарен систем, простата, скротум, штитна жлезда, дојки, брзо, безболно и без зрачење
ЕКГ иследување на срцето и срцевата работа
мерење на крвен притисок
вадење примерок на крв за лабораториски иследувања
Повикајте нé на 02 324 84 54.
Цените се подложни на промени во зависност од направените медицински процедури и спроведената терапија.
Важно: Домашната посета не е замена за итна медицинска помош. По проценка на докторот пациентот може да биде упатен во болничка здравствена установа.
Медицински транспорт и обезбедување
Нашата поликлиника организира МЕДИЦИНСКИ ТРАНСПОРТ и ОБЕЗБЕДУВАЊЕ.
Во склоп на целокупната опрема со која располага поликлиниката, постои и санитетско возило опремено со најсовремена медицинска опрема за:
Медицински транспорт на секаков вид пациенти во државава и во странство.
Медицинско обезбедување на јавен настан од политички, културен, забавен или спортски карактер. Покрај медицинска апаратура со која е опремено возилото, имаме и стручно обучени медицински екипи за пружање на медицинска помош во итни состојби.

 

Галерија  

 

  • 18.jpg
    big image
    18.jpg
  • 16.jpg
    big image
    16.jpg
  • 19.JPG
    big image
    19.JPG
  • 12.jpg
    big image
    12.jpg
  • 11.JPG
    big image
    11.JPG
  • 14.jpg
    big image
    14.jpg
  • 17.jpg
    big image
    17.jpg
  • 15.jpg
    big image
    15.jpg
  • 20.png
    big image
    20.png

Мапа  

Промедика Медикал Центар

Контакт Форма  

Промедика Медикал Центар

.

.