Здравствен дом - Битола

 zdravstvendombit logo1

Здравствен дом Д-р Хаим Абраванел Битола
Адреса: Филип Втори Македонски бр.9
7000 Битола, Македонија
Телефон: +38947 220 520 / +3987 242 657
Е-маил: zdravstvendom.bitola@yahoo.com


Опис  

ЈЗУ Здравствен дом “Д-р. Хаим Абраванел“ – Битола се наоѓа во централното градско подрачје на општина Битола. Темелите на оваа здравствена институција се поставен во 1948 година и нејзиниот развој се одвива во повеќе етапи, со доградување на повеќе крила во кои се поставувани нови одделенија според развојот на медицината и потребите на населението.
На 20.02.2018 година Здравствениот дом е именуван во ЈЗУ Здравствен дом “Д-р. Хаим Абраванел“ со одлука на влада (според познатиот доктор кој бил еден од основололожниците на здравството во Битола и доктор кај кого се лекувал и познатиот битолчанец Милтон Манаки). Локацијата на која е изграден Здравствениот дом била некогашно еврејско мало од каде што биле депортирани илјадници евреи во Треблинка, поради што на 11.03.2018 во спомен на Холокаустот од ова место беше изведен маршот на живите во присуство на над 50 делегации од светот.
Денес Здравствениот дом е институција во која се извршуваат голем број на здравствени услуги од доменот на примарното здравство организирани во 8 организациони единици, и тоа:
1. Служба за Итна медицинска помош (ИМП) со домашно лекување и транспорт, при што од оваа година е отворена и дежурна амбуланта каде матичните доктори во текот на саботите даваат здравствена заштита на пациентите (после потпишаните договори за соработка помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и матичните доктори).
2. Служба за детска превентивна стоматолија, ренген на заби и ноќна угрентна стоматологија.
3. Служба за здравствена заштита на деца од 0 до 7 години. Во овој дел постои и патронажна служба за превентивни прегледи на доенчиња и стари лица.
4. Служба за медицина на трудот
5. Лаборатотија, каде се работи со L1 и L2 обрасци.
6. Служба за Спортска медицина.
7. Служба за школска медицина со два надворешни пункта во гимназија “Јосиф Броз Тито“ и ОУ “Даме Груев“.
8. Депо за лекови.
Во склоп на Здравствениот дом се и двете амбуланти во РЕК Битола како објект од витално значење на општина Битола.
Во склоп на ЈЗУ Здравствен дом се вршат и спрецијалистички прегледи во постоечките амбулантни во сопственост на Клиничка болница – Битола и тоа:
1. Амбуланта за дерматовенерологија.
2. Амбуланта за интерна медицина.
3. Амбуланта за преумофтизиологија.
Исто така во склоп на Здравствениот дом како концесионери работат и стоматолошкиот дел, приватни амбуланти, орална хирургија и протетика, како и приватни амбуланти со матични доктори.
Оваа година е отворена канцеларија за “Ромски медијатор“ во соработка со МЗ со цел подигање на здравственото воспитување кај ромската популација со акцент врз делот на имунизација.
Здравствен дом “Д-р.Хаим Абраванел“ има 220 вработени и работи според современи здравствени стандарди стремејќи се секогаш да воведе нови методи на лечеше и превенција на заболувањата кај населенито. За таа намена секогаш се набавуваат современи апарати, така да и оваа година се набавени дел од нив:
- 2 ЕКГ статични портали
- 2 ЕКГ апарати за на терен со можност за работа со телемединица
- Аудиометар
- Спирометар
- Реакциометар
- 2 специјализирани евакуциони столици за транспорт по скали
- 3 хаметолошки столици за земање на крв во лаборатотија
- Санитетско мало возило и други.
Оваа 2018 година Здравствениот дом ренови 5 рурални амбуланти преку проектот “Рурален доктор“ во 5 пунктови (Бач, Цапари, Доленци, Породин и Лопатица) со што на целокупното население во општина Битола им е обезбедена примарна здравствена заштита. На овој начин ја остравивме нашата цел да обезбедиме комплетна и современа здравствена заштита со перманетно усовршување и едукација на нашите кадри со единствена цел – Здравјето е поважно од се.

Галерија  

 

  • 4.JPG
    big image
    4.JPG
  • 6.JPG
    big image
    6.JPG
  • 7.JPG
    big image
    7.JPG
  • 10.jpeg
    big image
    10.jpeg
  • 1.JPG
    big image
    1.JPG
  • 9.jpeg
    big image
    9.jpeg
  • 2.jpeg
    big image
    2.jpeg
  • 8.JPG
    big image
    8.JPG
  • 5.JPG
    big image
    5.JPG
  • 3.jpg
    big image
    3.jpg

Мапа  

Здравствен дом-Битола

Контакт Форма  

Здравствен дом-Битола

.

.