Пронајдете лекар во Македонија ! Пронајдете аптека во Македонија ! Здрава храна ..Здрав Живот
01 / 03

Пронајдете лекар во Македонија !

www.zdravstvo.eu.mk
02 / 03

Пронајдете аптека во Македонија !

www.zdravstvo.eu.mk
03 / 03

Здрава храна ..Здрав Живот

www.zdravstvo.eu.mk

Плодност

bolnicaplodnost logo

Болница Плодност
Адреса: ул. Асном 9, 
7000 Битола, Македонија
Телефон: +389 47 208 880
+389 47 208 881

Опис 

За да ја продолжиме нашата долгогодишна успешна приказна и традиција во гинекологијата и In Vitro оплодувањето, а со цел грижа за женското здравје и совршеност, како и грижа за иднте поколенија, од гинеколошката ординација „ПЛОДНОСТ“ заедно ја создадовме „БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ“ во која вработивме тим кој е професионален, одговорен и достапен за пациентите во секое време и кој може да одговори на квалитетот на понудените услуги.
Основната цел на оваа болница е да обезбеди најдобра можна заштита на исто ниво со светските стандарди. Нашите цели се насочени кон усовршување на квалитетот на работа на сите нивоа, како и воведување на најсовремени дијагностички и терапевтски методи, со цел да се усоврши професионалноста и квалитетот на третманот на нашите пациенти и нивните деца во љубезна и пријателска средина.
Наша мисија:
Сите вработени на „БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ“ се залагаат на нивните пациенти да им обезбедат најдобар квалитет и ефикасна здравствена услуга. Професионалноста и љубезноста не е само пожелна доблест, туку за нас претставува и обврска за сите наши пациенти. Соработката помеѓу пациентот и лекарот за нас е клуч за добар резултат од третманот, а Вие што сте се одлучиле да ја изберете нашата здравствена установа ќе се почувствувате прифатени и безбедни, а тоа ќе биде пресуден фактор и нераскинлива алка за Вашето брзо опоравување и здравје на вашето дете.
„БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ“ е целосно опремена за да обезбеди сеопфатна грижа за сите општи гинеколошки проблеми, дијагностички и биохемиски услуги, IVF- оддел, породување, пре- и постнатална нега, грижа за новородените како и специјализирани совети од областа на женското здравје. Болницата располага со гинеколошки амбуланти и хируршки сали целосно опремени со најновите достигнувања во медицината, во кои можат да се извршуваат посложени хирушки зафати.
Нашата болница ги задржува највисоките стандарди на совршеност благодарение на долгогодишното искуство и квалитетот на нашите стручњаци. Медицинскиот персонал во нашата болница е гордост во обезбедување не само на најдобра медицинска нега, туку и лично внимание и доверливост за секој пациент и неговите потреби. Нежно избраните бои и материјали, како и тивката музика во собите и ходниците ја претвара „БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ“ во оаза на мир, љубезност и доверба во која сите вработени се обидуваат да помогнат за Вашиот пријатен престој кај нас. Полни со енергија и став, со нов изглед кој се одразува од нашата традиција, ние ја обновуваме и ја засилуваме нашата посветеност за да направиме извонреден напредок за здравјето на жената како и грижа за нашите поколенија.


Капацитет:

„БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ“ располага со дијагностички оддел во кој постојат:
- четири најсовремено опремени амбуланти за гинеколошки прегледи,
- амбуланта за прием и припрема на трудници пред пороѓај,
- дијагностички кабинет со комплетна рентген опрема и мамограф,
- амбуланта за преглед на новородени и мали деца,
- хематолошка и биохемиска лабораторија,
- оддел за акушерство со седум еднокреветни соби,
- оддел за неонатологија и интензивна неонатална нега на новороденото,
- две акушерски сали,
- две оперативни сали,
- оддел за интензивна нега и оддел за полуинтензивна нега,
- оддел за IV- оплодување,
- оддел за гинекологија со седум еднокреветни соби,
- дневна болница со три кревети сала за мали дневни хируршки интервенции,
- две двокреветни апартмани,
- болничка аптека,
- сала за вежбање на бремени,
- технички оддел,
- систем на ладење и греење со чист и стерилизиран воздух,
- централна стерилизација со програма за дезинфекција и стерилизација по ISO- стандарди за цела болница,
- чекална и бифе

Погледнете ја нашата видео презентација на нашот официален YouTuBe канал:

Контакт:
ул.Асном 9, 7000 Битола, Р.Македонија
+389 47 208 880; +389 47 208 881; +389 75 472 503
web: http://www.plodnost.com.mk
fb: https://www.facebook.com/BolnicaPlodnost
ytb: https://www.youtube.com/user/plodnost

Галерија 

  • 5.jpg
    big image
    5.jpg
  • 4.jpg
    big image
    4.jpg
  • 7.jpg
    big image
    7.jpg
  • 2.jpg
    big image
    2.jpg
  • 9.jpg
    big image
    9.jpg
  • 8.jpg
    big image
    8.jpg
  • 6.jpg
    big image
    6.jpg
  • 1.jpg
    big image
    1.jpg
  • 10.JPG
    big image
    10.JPG
  • 3.jpg
    big image
    3.jpg

Мапа  

Плодност

Контакт Форма  

Плодност

ПАМЕТЕН ПРЕБАРУВАЧ

691x170px

a-rezultati1

Препорачуваме

Previous Next
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7

Hotels Macedonia

sidebar-hotelsmacedonia

Atravel

sidebar-atravel

pliva reklama

Elco - web design

elco veb4

Здрава Исхрана

Најава за корисници

.

.

              

                       Connect With Us

Contact Us

Адреса: ТЦ Ѓорче Петров, Скопје, Македонија

Tel: +(389) 2 3176 929

Email: info@zdravstvo.eu.mk