Алергиите од полен се во полн ек, но вистинска неволја е тоа што сѐ повеќе луѓе страдаат од алергии во текот на целата година, кои и покрај терапијата со лекови, не успеваат да се излечат.
Листовите од копривата преточени во чај спаѓаат меѓу најдобрите средства за чистење на крвта и на преоптоварените мочни канали, кои се манифестираат со воспаление или со задржување на урината.
Овој чај ја подобрува столицата, ја активира размената на материи, ги отстранува грчевите во желудникот и другите пречки во варењето и ја јакне отпорноста кон хроничните настинки, кои сѐ уште не нѐ напуштаат.
Противвоспалителното дејство на копривата може да се користи кај многу алергии. Едно истражување покажало дека кај лицата со алергиски ринитис, доволни се 600 мг прав од лист од коприва за да ги смири симптомите на алергијата.
За превенција и за ублажување на алергијата пригответе здрав чај од коприва. Со шолја зовриена вода попарете една супена лажица со листови од коприва, оставете десетина минути да отстои и процедете ги. Дневната доза е две шолји чај засладен со мед.