Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство.
Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.
Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова... Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.
Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки:
- бета-каротин
- растителни влакна
- витамин Ц
- витамин А
- витамин Б
- витамин Д
- витамин ПП
- витамин Х
- железо
- глутамин
- калиум
- калциум
- калциум-пектат
- каротеноиди
- ксантофили
- ликопен
- натриум
- пектин
- јаглени хидрати
- фосфор
- цинк
- етерични масла
Начин на користење
Морковот во исхраната се користи: свеж (како салата), варен или обарен (како додаток во супи, во чорби, во јадења без месо или со месо). Се користи и како зачин. Тој се користи и во зима, бидејќи лесно се чува (во фрижидер, во замрзнувач, во подрум).
Бидејќи морковот содржи малку калории, а многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана и во исхраната на децата. Многу е здрав свежиот сок од морков, било да се консумира сам или со друг сок. Сокот од морков се користи и за облоги во третманот на некои кожни болести.
Дејство
Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.
Поради своето корисно и лековито дејство, морковот се препорачува при следниве состојби и заболувања:
- слабокрвност (анемија),
- болести на забите,
- болести на срцето и крвните садови,
- гојазност,
- киселини во желудникот,
- губиток на апетит,
- депресија и стрес,
- детски глисти,
- кожни заболувања (дерматит, екцем),
- за подобрување на видот,
- за побрзо зараснување на раните,
- за подобро согорување на мастите во организмот,
- при имунодефициенција,
- за јакнење на ноктите,
- при кокошкино слепило,
- при макуларна дегенерација,
- кај заболувања на бубрегот,
- за одржување на мозочните функции,
- при изгореници,
- при остеопороза,
- за намалување на заморот,
- при покачена телесна температура,
- при зголемен холестерол,
- при настинка и грип,
- при проблеми со косата,
- против кашлица (сок од морков),
- за регулирање на варењето на храната и запекот,
- за регулирање на крвниот притисок,
- за одржување на нормална телесна тежина,
- за регулирање на метаболизмот,
- за превенција на малигни заболувања,
- за воспаление на крајниците и гласните жици,
- против целулит,
- кај шеќерната болест,
- при мозочен удар.